Велешанка го ограбила љубовникот

Полициски службеници од СВР Велес вчера ја лишиле од слобода 43-годишната Ц.Л. од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според пријавеното, од домот на 62-годишниот С.Д. од Велес, со кој претходно била во врска, таа одзела пари, извести МВР.

Велешанката е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.