Велешанка најдена мртва во станот, телото предадено на обдукција

Возрасна велешанка е најдена почината во нејзиниот стан во Велес, соопшти во вторникот министерството за внатрешни работи.

Во СВР Велес во понеделникот околу 18 часот било пријавено дека во стан на улицата .„Гемиџиска“ во Велес била пронајдена почината 74-годишната Г.З..

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Додевски додава дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.