Велешката полиција принудена предупредувачки да пука

Во неделата во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода29-годишниот велешанец М.М. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претходно нотќа, 15 минути по полноќ на улицата „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух.

Исто така, во Полициската станица Велес извршен е службен разговор и со  36-годишниот А.Н. од Велес, кој го управувал возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.