Велешката депонија сеуште гори

Пожарот на велешката депонија за смет и покрај тоа што е локализиран, од вчера попладне сеуште гори.

Екипи на Противпожарната единица и на ЈКП Дервен го гаснат пожарот со вода, а од утрово се затрупува и со земја со булдужери од страна на градежни фирми кои ги ангажира општина Велес, објави МИА.

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, изјави дека причина за големиот пожар на велешката депонија се околните земјоделци кои палеле стрништа во близина на депонијата, по што вчера попладне се запали и депонијата за смет.

Горат големи количества на пластика, текстил и секаков вид смет, но и покрај напорите на сите вклучени во неговото гаснење депонијата сигурно ќе гори до утре, а кога се надевам дека пожарот целосно ќе се изгасне, рече Чадиев