![4-820-](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/4-820-.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на официјалниот канал на ЈуТјуб на Националната опера и балет и на Телевизија 24, денеска со почеток во 17:45 часот премиерно ќе се емитува возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – „Стабат Матер“.
Изведбата е под диригентска палка на Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев, а концерт-мајстор е Климент Тодороски. Како солисти настапуваат Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист и оркестарот и хорот на НОБ.
Хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, светло мајстор е Милчо Александров и корептитор е Јаника Невчева. Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
Користена е дел од сценографијата на оперската претстава „Тоска“, во продукција на Националната опера и балет.
„Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од 13 век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.