Велигденска изложба во Музејот на македонската борба

Утре, со почеток во 19 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба ќе биде отворена Велигденска изложба на учениците од средното уметничко училиште Лазар Личеноски од Скопје.

На тематската изложба ќе бидат презентирани дела насликани на гипсани и порцелански јајца, икони, слики, цртежи, скулптури, релјефи и фотографии инспирирани од верскиот празник Велигден.