Обединетото Кралство е вклучено во конфликтот во Украина, можеби повеќе од која било друга земја членка на НАТО, изјави за ТАСС рускиот амбасадор во Велика Британија Андреј Келин.
„Во Украина има војници од Обединетото Кралство. Присуството на специјални сили таму, инструктори кои, на пример, обучуваат украински воени медицински лица, е официјално потврдено. Знаеме дека овие инструктори обучуваат и специјални сили и голем број други единици. Исто така е многу јасно дека лансирањето на ракетите со долг дострел Storm Shadow нужно бара учество на специјалисти, а само Британците можат да ја играат оваа улога, бидејќи ова е многу софистицирана технологија и невозможно е да се замисли дека украинската војска може да управува со неа. Или ќе мора да поминат многу долга специјална обука, што е нереално“, рече амбасадорот.
„Затоа, можеме јасно да кажеме дека Велика Британија е длабоко вклучена во украинскиот конфликт, можеби дури и повеќе од останатите земји-членки на НАТО“, посочи Келин.
Зборувајќи за изгледите за масовно распоредување на британски војници во Украина, рускиот дипломат рече дека не гледа можност за такво сценарио.
„Што се однесува до распоредувањето во големи размери, официјалните лица овде постојано потврдуваат дека нема такви планови. Општо земено, таквите планови, кои можеби лебдат во воздухот или се измислени од новинари – дека Лондон има намера да распореди дивизија или корпус во Украина – нема да добие согласност од НАТО како целина“, рече Келин.