Велика Британија ја преиспитува својата дозвола за извоз на оружје во Израел, во одговор на ексалацијата на судирите меѓу израелската војска и Хамас во појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на Владата во Лондон.
Израел на 8 јули започна офанзива против Хамас по зголеменото ракетирање. Бројот на загинати е повеќе од 1800 најголем дел цивили, а на израелска страна има 64 загинати војници и тројца цивили.
Судејќи според извештајот на британскиот парламентарен Комитет, договорите за извоз на воена опрема во Израел се вредни 13,12 милијарди долари.
Британската опозициска Лабуристичка партија го обвини Камерун дека не го осудил доволно однесувањето на Израел во судирот, што тој го отфрли, пренесува Ројтерс.