Велика Британија ќе прима деца бегалци одвоени од родителите

Велика Британија ќе прима деца бегалци одвоени од родителите
Велика Британија ќе прима деца бегалци одвоени од родителите

Велика Британија ќе прими  деца бегалци, кои се одвоени од своите родители во судирите во Сирија и други земји, соопшти денеска британската Влада.

– Кризата во Сирија и случувањата на Блискиот Исток и во северна Африка разделија голем број бегалски деца од нивните семејства, изјави британскиот министер за имиграција, Џејмс Брокеншајр.

Наведувајќи дека за „големо мнозинство“ од нив најдобро е да останат во регионот со членовите на поширокото семејство, тој додаде дека Велика Британија сепак побарала од УНХЦР да ги „идентификува исклучителните случаи во кои во најдобар интерес на детето е да се насели во Британија“.

Властите засега не можат да потврдат колкава е бројката на деца, која Британија би ја прифатила, нагласувајќи дека прашањето на имиграцијата е едно од најчувствителните во политиката на таа земја.