Велика Британија ќе уништува дел од сириското хемиско оружје

Во британското пристаниште со брод од Сирија ќе пристигнат околу 150 тони опасни хемикалии. Дамаск до 31-ви декември ќе мора да го транспортира најголемиот дел од хемиското оружје.

Велика Британија дала согласнот за уништување на дел од хемиското оружје во приватна компанија и ќе осигура придружба на скандинавските бродови кои што ќе го носат опасниот товар.

Екпертите уверуваат дека нема место за паника.

Режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, пријавил околу 1.300 тони хемиско оружје до Организацијата за забрана на хемиско оружје која оваа година е добитник на Нобелова награда за мир.