Во Велика Британија околу 1.000 деца биле избрани од страна на наставниците за програма за дерадикализација со цел да се спречи во иднина истите да станат терористи – но водечките здруженија на наставници велат дека одредени малолетници се пријавени непотребно.
Властите исто така се предупредени и за стотици пациенти и студенти што наводно биле под влијание на екстремизам, пишува Тајмс.
Барем половината од нив биле понатаму испратени на програмата, но за нив не била потребна никаква понатамошна интервенција.
Противтерористичкиот и безбедносен акт бара од наставниците да превенираат во тоа одредени лица да бидат регрутирани од терористи.
Според мерките, исто така и здравствениот сектор, локалните власти, затворите и полицијата треба да придонесат за ова.
Во училиштата во Англија и во Велс 1.041 деца биле запишани за програмата за дерадикализација во 2015-тата година, а во 2012-тата година на оваа листа имало само 9 деца на национално ниво.