Според Европската агенција за безбедност, ИСИС ќе ја нападне Велика Британија како продолжение на нападите во Париз, известува Си Ен Ен.
Наводно, на припадниците на ИСИС во Британија има била доделена задача од калифатот да се вратат дома и да го одложат нападот. Како и да е, не се знае колкава е заканата, ниту точната локација.
Европската агенција за безбедност немаше никаква трага на Салах Абдеслам, се до 14-ти ноември кога престојувал кај пријател во Брисел, ден после нападот во Париз.
Беше преплашен кога им се јави на пријателите во Брисел да дојдат и да го земат од Париз – изјавија од агенцијата, пренесува Си Ен Ен.
Од агенцијата нема информации дали еден од факторот кој ги доведе до оваа претпоставка беше апсењето на Британскиот ИСИС оперативец поврзан со „Џихади Џон“ во Турција минатиот месец. Аине Лесли Дејвис, Британски ИСИС оперативец, беше уапсен во Истанбул на 13-ти ноември кога планирал да отпатува во Европа за да ги пренесе наредбите. Информацијата прв ја кажа турскиот весник Хуриет, а подоцна беше потврдено од Турските власти, пренесува Си Ен Ен.
Конекцијата во Тунис
Се мисли дека еден од главните фигури во единицата за надворешни операции на ИСИС, за кој се верува дека е еден од мозоците на нападите во Париз и е вмешан наредните планови за напад на Западот, е Туниски оперативец. Агенциите се свесни за неговиот идентитет и за тоа дека има соработувано со неколку Француски војници на ИСИС , во и околу Рака.
Главниот мозок за напдите во Париз се претоставува дека е Фабиен Клеин, ветеран кој ја потврдил одговорноста за нападите на аудуио лента, денот после нападите.
Масакарот во Париз се случи на 13-ти ноември годинава во кој загинаа над 120, а беа ранети околу 200 цивили.