Министрите треба да преземат мерки за да им помогне на јавните служби во Велика Британија да се справат со приливот на имигранти од Бугарија и Романија, смета британскиот Институт за истражување на јавната политика, цитиран од „Би-Би-Си“.
Во последниот месец Владата ги заостри правилата за аплицирање за социјална помош од страна на граѓани на Европската унија, поради зголемените грижи од евентуалниот прилив на Бугари и Романци, по укинувањето на ограничувањата на пазарот на трудот, од први јануари идната година, потсетува „Би-Би-Си“.
Но според институтот овие дејствија се преземени во атмосфера на паника и ширење страв и во голема мера се симболични. Наместо тоа од таму сметаат дека властите треба да се подготвени за растот на пребарување на живеалишта, а полицијата да се справи со манифестациите на анти-социјалното однесување на лица кои не ги познаваат британските закони и обичаи, пренесува „Би-Би-Си“. Експертите освен тоа препорачуваат да се обезбедат повеќе преведувачи во училиштата и здравствените установи.