Велика (Страстна) Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.
Велика Сабота е ден на покојот. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од петокот. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. На овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика Сабота е определена и како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот
На денот на распнувањето на Христос, Јосиф од Ариматеја, член на синедрионот (јудејското црковно собрание) од Понтиј Пилат добил дозвола да го погреба телот на Исус, обично телата на распнатите ги оставале на крстовите да ги колваат птиците, но со дозвола од римските власти им биле предавани на блиските да ги погребат.
По симнувањето од крстот и повивањето, според обичајот на Евреите, во покров со миризливи масла, Јосиф и еден од тајните ученици на Христа, Никодим, го положиле неговото тело во пештера за погребување и на нејзиниот влез ставиле голем камен.
Првосветштениците и фарисеите знаеле за пророштвото на Христа и Неговото воскресение, но не верувале во ова претскажување и стравувале дека апостолите ќе го украдат телото на Учителот и ќе им кажат на луѓето дека воскреснал и затоа побарале од Пилат да постави пред гробницата римска воена стража, а самиот гроб го запечатиле (Мат. 27, 57-66 ;. Јован 19: 39-42), без да знаат дека со тоа само ќе осигурат доказ за вистинитоста на Христовото Воскресение.
Распнатиот во петокот и воскреснат во неделата, Христос во саботата слегува во пеколот, за да ги изнесе од таму луѓето, ослободувајќи ги робјето. Во православната традиција не постои икона или фреска на Воскресението. Приказот на Хрисост во бела рува како излегува од гробот со знаме во раката е понова католичка верзија. Традиционалната православна верзија ги опишува настаните поврзани со Велика сабота, наречена „Слегувањето во пеколот“. На неа Христос ги држи за рацете Адам и Ева и речиси ги изнесува од местото на вечната тага. Искачувањето уште не е започнато, одеждата на Христа е како по брзо спуштање, тој е веќе симнат а неговата облека како да се спушта по него. Ова е точка на границата на почетокот, од неа оди нагор, од пеколот до Небесата. Христос се втурнува во адот, и разбиените порти на пеколот лежат под неговите нозе.
„Слегувањето во пеколот“ е приказ за тоа зошто Бог дошол на земјата и ја примил смртта. На фреската е претставен преломниот момент, мигновената средба на двете крајни спротивности, но заеднички според целта дејствија: почетната точка на Божественото потекло се покажува за првичната поткрепа на човековото искачување. „Бог стана човек, за човекот да стане бог“, е формулацијата на православното поимање на човекот. „Велигден“ и означува „премин“, избавување.
Во православието службата за Велика сабота сочувала редица карактеристики на ранохристијанската богослужба, специфики кои се опишани во спомениците од IV век. Во древните времиња, на овој ден се извршувало крштевањето на катихумените, луѓето воведени во тајните на верата и посветени во неа преку проповеди, а остатокот од денот бил исполнет со старозаветни чатења. На Велика сабота прво се служи утринската литургија, кон чиј крај Покровот (Плаштеницата) се носи околу храмот, носејќи ја до отворените царски двери и се враќа во „гробницата“ на средина од црквата.
Потоа започнува подготвителната за Вечерната богослужба, кога се читаат 15 паремии, старозаветните пророштва за страста, смртта и воскресението на Спасителот и за славата на новозаветната црква. Имено во времето на тие богослужби во Цариградските и Ерусалимските цркви се извршувало крштевањето на воведените во верата. За новопокрстените било наменето и апостолско четение (Рим.6 :. 3-11), кое се сочувало и во современата литургија на Велика сабота и потсетува дека „крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт“, мртви за гревот и живи во Бога. Со чатењето на Апостолите завршува погребалниот ден сабота, попладнето, и започнува претпразничното Свето Христово Воскресение.
Во старите времиња по завршувањето на саботната литургија оние што се молеле во очекување на велигденското утро не заминувале, и го благословувале лебот, кој се раздавал за нивно закрепнување а времето меѓу вечерната литургија на Велика сабота и Велигденското утро го исполнувале со читања на Делата на светите Апостоли. Сега, благословувањето на лебот и виното се врши веднаш по завршувањето на литургијата, а читањето на Делата во вечерните часови.
Во текот на Велика сабота, многу почесто порано, во храмовите обично се осветувала велигденската храна, како јајца, колачи… Малку пред полноќ се служи полноќната литургија на која Покровот се внесува во олтарот и се полага на престолот. Велигденската Голема или Утринска е свечена литургија посветена на Христовото воскресение и започнува обично на полноќ.
Велика сабота е и ден на исчекувањето. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за Големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.
Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал Божествената моќ. На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе“.