Бугарија ја поддржува Македонија за членство во Евртопската унија и НАТО, истакна во понеделникот бугарскиот амбасадор во Скопје, Иван Великов Петков пред Комисјата за европски прашања во македонското Собрание, презентирајќи ги приоритетие на шестмесечното бугарско претседавање со ЕУ, кое започна од 1-ви јануари
„Бугарија ги поддржува напорите на Владата на Македонија, опозицијата и граѓанското општество за постигнување на највисоките национални цели: членство во ЕУ и НАТО, и тоа да се случи за време кога со Европскиот совет претседава токму Бугарија“, рече Великов Петков.
Според него, за да се случи тоа мора да се спроведат итните реформски приоритети. Додаде дека Република Македонија има поддршка за спроведување на реформите и решавањето на другите прашања во согласност со меѓународните договори, а притоа истакна и дека е важен парламентарниот дијалог со опозицијата.
Најави дека Бугарија за време на претседателството со ЕУ, ќе работи на зголемување на контактите меѓу земјите од Западен Балкан и подобрување на односите меѓу нив. Амбасадорото Великов Петков изрази и задоволство што Договорот со за добрососедство со Бугарија денеска е ставен на ратификација во Собранието на Македонија.