Мора да има нови избори бидејќи последните избори беа сè само не кредибилни или ајде да ги наречам по Устав спроведени избори. Нѝ ги организираше, нѝ ги менаџираше, нѝ ги контролираше американската амбасада и групата западни амбасади, истакна во вчерашното гостување во „Миленко Неделковски Шоу“ новинарката Мирка Велиновска.
-Не може да се случи оној што ја “пучирал“ државата и две години ја држеше во заложништво и државата и нацијата, не може да ја украде волјата на мнозинството граѓани, па макар и да е со еден глас разлика. Тоа може да го направи само, или човек што е “штрапан“ во умот или човек кој е под командна алка на оние што сакаат Македонија да ја снема. Да не бидам општа, буквално на земјите под ЕУ или од евроатлантскиот блок и американската дминистрација бивша, кои сакаа Македонија како пречка за доминација и преобликување на портата измеѓу Европа и Азија да ја поткусурат, значи таа програма со Македонија.