Јас со свирчиња, кукличиња, марионетчиња не се занимавам. Што да му обрнам внимание на некој што нема мозок? Црпко што може мене да ме предизвика да разговараме? Црпко, ако сум држава, го елиминирам, изјави новинарката Мирка Велиновска која синоќа гостуваше во шоуто на Јанко Илкоски на Сител 3.
Јас со свирчиња, кукличиња, марионетчиња не се занимавам. Што да му обрнам внимание на некој што нема мозок? Црпко што може мене да ме предизвика да разговараме? Црпко, ако сум држава, го елиминирам. Мора да има некој механизам законски, ненормален тип или ментално оштетен да не може да води држава. За тоа им се прават здравствени прегледи на политичари. Замисли на нездрав човек да му дозволиш власт да води, рече новинарката.
Велиновска испрати порака до македонскиот народ да излезе масовно на избори, затоа што по овие зборови нема веќе поправен испит.