Новинарката Мирка Велиновска истакна дека народот гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ ќе си гласа за себе. Како што рече, во другата опција, осносно во СДСМ има само марионети или како што таа ги нарече корисни идиоти.
Македонскиот народ на избори го гледа својот код на препознавање. Тоа е ВМРО бидејќи СДСМ го изгуби својот код на препознавање како комунистичка партија која водеше антифашистичка револуција. Се изгуби се тоа, останаа, истакна новинарката.
Велиновска вели дека народот на 24-ти април масовно ќе излезе да гласа за ВМРО-ДПМНЕ оти така гласа за себе. Таа ја искористи приликата да го повика народот масовно да излезе на следните парламентарни избори.