Вељаноск закажа итна собраниска седница в недела

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во договор со координаторите на пратеничките групи, одлучи в недела да закаже посебна седница на Собранието посветена на состојбата во поплавените подрачја, соопшти неговиот кабинет.

До тогаш, се наведува во соопштението, се очекува Владата да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Пратеничката група на СДСМ денеска достави предлог за одржување итна седница со единствена точка на дневен ред, состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 во околината на Скопје, на која се приклучи и пратеничката група на ВМРО­-ДПМНЕ.