Велјаноски: Добри избори за добра демократската свест

Трајко Велјаноски, поранешен  претседател на Собранието и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори, денеска во О.У. „Мирче Ацев“, во општина Ѓорче Петров , гласаше за идниот претседател на земјава.

Велјаноски истакна дека е важно изборниот процес да помине без проблеми бидејќи тоа значајно ќе влијае на оценка за демократската свест во земјава.

„Благодарност до граѓаните за Македонија и до сите учесници во овој изборен процес што овој ден и претходните поминаа во најдобар и нејдемократски процес. Се надевам дека како што беше до сега, и во следните недели,  до 27 април кога ќе има и предвремените параментари избори ќе помине во најдобар ред. Тоа е многу значајно за Македониа  и за нејзината оценка за демократската свест што владе во земјава. Се надевам дека граѓаните ќе го дадат свој глас за иден претседател на Македонија и на 27 април ќе ги изберат новите пратеници во Собранието. После тоа ќе продолжиме со редовен тек да функционира државата и институциите за да можат да дадат свој придонес  во економскиот и општествениот  живот на Македонија. Сакам да изразам голема благодарност што досегашните резултати покажаа дека граѓаните на земјава и сите ученици созреваат и се’ повеќе придонесуваат за демократјата на земјава“, изјави Велјаноски.