Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, денеска 18 мај 2015 година, ќе се обрати на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта, Унгарија.
Како што нагласува организаторот, Парламентарното собрание на НАТО постојано се залага за проширување на Алијансата и помага на земјите аспиранти на нивниот пат кон полноправно членство. Проширувањето на НАТО е централна тема на Пленарната сесија во Будимпешта и за таа цел се поканети да се обратат претседатели на Парламенти на земји аспиранти за членство.