Вељаноски во посета на Хрватска

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски утре официјално ќе ја посети Хрватска, на покана на својот колега, претседателот на Хрватскиот Сабор, Јосип Леко.

Во рамки на посетата претседателот Вељаноски ќе се сретне и со претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ и со првиот потпретседател на Владата на Хрватска и министер за надворешни и европски прашања, Весна Пусиќ.

Претседателот Вељаноски утре, ќе се обрати пред пратениците на Хрватскиот сабор на свечена седница.