На денешната седница на Советот на Општина Чаир од страна на Јавна установа детска градинка “Снежана“ и Јавна установа детска градинка “Фидани“ беа предложени одлуки за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите. Ваквата инцијатива на двете градинки во Општина Чаир произлегува од заклучокот од одржаната осумдесет и осмата седница на Владата на Македонија одржана на 09-ти Октомври 2022 година, каде што се дава препорака на советите на општините за зголемување на надоместокот за престој на деца во детските градинки.
Имено сегашниот износ за надоместок на трошоците за престој на деца во детските градинки изнесува 1.490 денари, во доставените предлог одлуки е предвидено зголемување на овој износ на 2.200 денари.
Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ реагиравме на ваквите предлог одлуки и при гласањето на истите бевме против.
Недозволиво е ваквото постапување на владата предводена од СДСМ и ДУИ, имено при двоцифрена инфлација, економска и енергетска криза, наместо истата да понуди помош на своите граѓани за надминување на потешкотитее со кои секој еден се соочува денес, истата предлага зголемување на месечните трошоци за престојот на децата во детските градинки, додека истовремено Министерството за труд и социјална политика направи намалување на блок дотациите наменети за детските градинки.
Ова е уште еден доказ за неодговорното владеење на Владата на СДСМ и ДУИ!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ.