Нечовечки услови за живеење, борба за живот и опстаник со пет деца. Оваа е сликата на осумчленото семејство Кипријановски од Куманово која денеска ја затекнав на теренска посета. Ова е сликата на голем дел од семејствата во Македонија по седумте години расипничко владеење на СДСМ и ДУИ, пишува на Фејсбук Ѓоко Велковски, министер за труд и социјална политика.
– Со оваа реалност се борат секојдневни 600тини илјади други граѓани кои едвај поврзуваат крај со крај, и тие преживуваат некако на дното на општеството. Од државата добивале минимална помош од 8600 денари месечно, детски и образовен додаток, кои ако се поделат на сите 8 члена, излегува дека тие имаат по 50тина денари дневно, недоволно ниту за еден оброк. А каде се другите оброци, каде се другите трошоци?
Денес ги посетив. Обезбедивме поддршка, за да се поткренат барем малку. Се надевам дека ќе им ја вратиме довербата кон институциите и ќе почувствуваат дека промените доаѓаат. За нив ќе има подобар живот!
Најавувам дека еден од приоритетите на новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе биде реформа на системот на социјална заштита кој повеќе нема да може да затајува и да креира лоши човечки судбини.
Ќе нудиме решенија за граѓаните, ќе ги интегрираме во општеството оние кои имаат потреба од поголемо внимание и поддршка од државата и тие ќе станат продуктивни, ќе се чувствуваат корисни и ќе учествуваат во нејзиното функционирање и развој. Целта на политиката на ВМРО ДПМНЕ е да се избориме против сиромаштијата и социјалната исклученост на нашите граѓани, преку отворање на нови работни места како единствен услов за излез од оваа социјална криза.
*фотографиите објавени од децата се со одобрение на родителите