4.8 C
Skopje
сабота, декември 21, 2024

Вело Марковски и младата сопруга првпат заедно во телевизиска емисија: Покрај предрасудите и лошите коментари ние успеавме (ВИДЕО)

Дека вистинската љубов не познава граници и посилна е од сите бариери, сведочи познатата љубовна приказна на Вело Марковски и Евгенија.

Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата. Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. Откако младата убавица и професороот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.

Нашиот познат инфектолог професор-доктор Вело Маркоски и неговата млада, убава, згодна и атрактивна сопруга Евгенија се вистински доказ дека љубовта не познава ниту граници, ниту брои години.