Велосипедист од Србија удрил во Црногорка кај „Студнечишта“, двајцата се повредени

На 08.08.2024 во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Србија удрил во М.К.(43) од Црна Гора.

Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.