Велосипедист тешко повреден од автомобил во скопски Карпош

Седумдесет ичетиригодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во близина на Драмски театар во скопската населба Карпош, известија во саботата од Министерството за внатрешни работи

Се наведува дека околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Руѓер Бошковиќ“, во близина на Драмски театар, автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А. на 55 години од Скопје, удрило во велосипедистот 74-годишниот Б.В., исто така, од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Греадската општа болница „8-ми Септември“.