На 17.05.2023 во 09,05 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, патничко моторно возило „фолксваген џета“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.С.(22) од Кичево, удрило во велосипед управуван од Ќ.А.(64) од Кичево, информира МВР.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево.