Велосипедист тешко повреден во Скопје

Архивска илустрација

Велосипедист на возраст од 69 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила околу 10,30 часот во Скопје.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на крстосница со булеварот „8 Септември“ и сервисна улица на булеварот.

Скопјанецот А.Ч., на 29 години, управувајќи со автомобил „дачиа дастер“ удрил во велосипед кој го управувал 69-годишниот С.Т. од Скопје. Повредениот велосипедист со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар каде му се констатирани тешки повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.