Велосипедист удрил во пешак и избегал, тешко повредена кумановка

Во средата во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улиците „Доне Божинов“ и „Ленинова“ во Куманово, велосипед удрил во пешакот, 46-годишната М.Н. од Куманово, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни порведи се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.