Велосипедист загина од удар на автомобил чиј возач побегнал

Вчера во 13.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на каменоломите, патничко возило кое го напуштило местото на незгодата удрило во велосипед управуван од 66-годишниот О.А. од селото Врапчиште, гостиварско.

На местото на незгодата починал велосипедистот.

Смрт констатирал лекар, а Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на незгодата.