Велосипедист загина во сообрќајка кај Струга

Шеесет и деветгодишен стружанец почина вчера попладне откако возејќи велосипед се судрил со автомобил на патот од селото Подмоље кон Ќафасан, информира денеска полицијата.

Несреќата се случила околу 16,40 часот кога дошло до судир меѓу автомобил „цитроен“, што го возел О.Ш (33) од Охрид и велосипедистот Беџет К.. При судирот Беџет е тешко повреден, по што со возило на Брза помош требало да биде пренесен на скопските Клиники, но на пат кон Скопје починал.