Приватниот сопственик брендот го откупил од некогаш познатата љубљанска фабрика за велосипеди Рог која во 2009 година заврши во стечај, а подготвен е да се откаже од правата на интелектуална сопственост за 41,500 евра.
„Горење има знаење и искуство кое можеме да го употребиме за ревитализација не еден од најпознатите словенечки индустриски брендови“, изјави директорот на Горење, Фрањо Бобинац, потврдувајќи дека Горење ќе започне да произведува велосипеди, пренесува Деловен дневник.
Првиот велосипед од новата генерација на пазарот ќе се појави во 2017 година. Најпрвин ќе се работи на модерната верзија на некогаш мегапопуларниот велосипед Пони од модерни материјали и со подобрена ергономија, а една година подоцна може да се очекува и велосипед за планинско и градско возење, како и електричен велосипед.
До доцните 80-ти години од минатиот век фабриката за велосипеди Рог произведуваше 300 до 350 илјади велосипеди годишно, но по распадот на заедничкиот југословенски пазар и евтиниот увоз од далечниот исток западна во тешкотии и пропадна.