![133840357](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/133840357.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Од мијачкото село Тресонче денеска тргнаа околу 500 учесници на велосипедска патека од 55 километри маркирана за „планинските бајкери”, додека за понеискусните и помладите, организирани се различни тури на пократки релации, како и тури за пешачење, трчање, планинарење по пределите на Бистра, Тресонечките водопади, како и пештерата Алилица.
Оваа таканаречена „Сава адреналинска авантура“, во организација ма здружението „Прв до врв” и „Сава Осигурување“ е наменета за рекреативен туризам. Велосипедистите кои ги има од сите краеви на Македонија, но и од Словенија, Шпанија, Пакистан и други држави, ќе се движат кон Галичник, Селце, Росоки, Лазарополе и други места, втора година по ред.
За учесниците организирани се различни забави и гостување на познати рапери, водители и диџеи.