Велшанец со чекан и хебла уби маж и повреди уште четири лица, сите членови на едно семејство

Жителите на Велес во средата утрото беа силно вознемирени по веста за грозоморното убиството кое изминатата ноќ се случи во градот, а полициските информации говорат дека убиен е еден маж, а повредени се четири лица, сите ченови на едно семејство.

Убиството се случило синоќа околу 3 часот по полноќ, кога 46-годишниот С.В. насилно влегол во куќата на неговиот сосед 66-годишниот Д.Н. со кого имале нарушени соседски односи.

С.В. со чекан и хебла во рацете им нанел повреди во пределот на главата на Д.Н., неговата сопруга 55-годишната Л.Н. (55), и нивната 31-годишна ќерка Т.Н. кои биле на еден кат од куќата.

Крвавиот пир соседот го продолжил на другиот кат од куќата каде живеел братот на Д.Н. Соседот убиец ги нападнал и братот 63-годишниот Т.Н. и неговата сопруга 53-годишната В.Н.

Сите повредени, како што информираат од полицијата, биле пренесени во велешката болница каде Д.Н. им подлегнал на повредите.

Поради сериозноста на добиените повреди во главата, сопругата на починатиот со крварење со мозокот е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Од МВР информираат дека напаѓачот е приведен, а полицијата работи на целосно расчистување на овој случај.