11.8 C
Skopje
петок, мај 3, 2024

Венеција ќе им наплатува влез на туристите

Туристите кои сакаат да влезат во Венеција од први јули 2020 година ќе мора да платат најмалку три евра. Ова се однесува на еднодневните туристи и туристите од крузерите, но и на оние кои се сместени во хотели. Поради технички причини, оваа давачка ќе статува од половината на летото, а не од почетокот на годината.

Цената ќе се зголемува на шест и на осум евра во ек на сезоната. Уште не се знае како ќе се плаќа, но казната за оние кои ќе се обидат да се „шверцуваат“ ќе биде од 100 до 450 евра.

Масовниот туризам е долгогодишен проблем на Венеција, иако оттаму доаѓаат најголем број приходи во буџетот. Според податорците од 2016 година, Венеција има повеќе еднодневни туристи отколку жители. А нивниот број од 100 илјади во средината на 70-те години, сега паднал на 53 илјади.