Венециелскиот претседател Николас Мадуро во понеделникот го потпишал указот за протерување на амбасадорот на Европската унија во Каракса, поради санкциите коишто Брисел ги наметна за функционери во неговата влада и неговите приврзаници.
„Доста е од европската колонизација на Венецуела. Амбасадорот на ЕУ мора да ја напушти земјата во рок од 72 часа, доволно беше од интервенционизам со надмоќ и од расизмот“, изјавил претседателот Николас Мадуро, според соопштението на владата.
Советот на ЕУ во понеделникот објави дека воведува санкции против 11 функционери на Венецуела, обвинувајќи ги за наводно „поткопување на демократијата и владеењето на правовот“ во оваа јужноамериканска држава. Следејќи ги претходно дел од санкциите воведени од САД, и Брисел ќе им забрани влез на територијата на ЕУ и ќе им ја замрзне новната евентуална сопственост.
ЕУ, како и САД, го признава Хуан Гуаидо, опозицискиот челник и претседател на парламентот кој уште во јануари 2019 година се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела тврдејќи дека вториот мандат на Николас Мадуро не бил легално добиен на изборите кон крејот на претходната година. Сепак, Гуаидо со целата поддршка од Вашонгтон и други латиноамерикански земји, не успеа да добие поголема поддршка за да ја оствари смената на Мадуро.
Покрај тоа, Врховниот суд на Венецуела претходно во јуни донесе одлука дека поради отсуство од земјата Гуаидо не моќе да биде легитимен претседател на Националното собрание, и дека наместо него функцијата треба да ја извршува Луис Пара, кој е сојузник на левичарската влада на Мадуро. Пара, кој е избран на службено гласање кое приврзаниците на Гуаидо не го признават, исто така е на листата на санкционирани венецуелски функционери. ЕУ смета дека тој бе бил легитимно избран.
Мадуро во писмената изјава истакнува дека санкциите на ЕУ се насочени „на оние кои го бранат уставот на земјата и одбиваат да ги следата наредбите на амбасадата на ЕУ во Каракас“. Ја обвинува Унијата дека ги исполнува наредбите на администрајцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговата агресивна политика кон Венецуела.