Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела во понеделникот соопшти дека судот издал налог за апсење на опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес, обвинувајќи го за заговор и други злосторства поради спорот околу неговата наводна победа на претседателските избори во јули, што предизвика куси немири во земјата и веројатно како одговор на акциите на САД кои со децении се обидуваат да придонесат за смена на левичарската властв оваа латиноамериканска земја со по тврдени најголеми резерви на нафта и гас на планетат, како и други ресурси.
Изборната комисија на Венецуела го прогласи Николас Мадур, кој е на власт од 2013 година, за победник на изборите на 28-ми јули, без да ги објави целосните резултати од гласањето поради хакерски напади. Венецуелската опозиција ги објави своите наводни резултати, истот ака без да ги документира, кои покажуваат наводно убедлива победа на кандидатот Едмундо Гонзалес. Спорот предизвика апел од западните земји предводени од САД за објавување на целосните резултати, како и протести во земјата, чија бројност, краткотрајност и интензитет ба далеку послаби отколку изминатите постизборни протести и не соодвествуваше со тврдењата за наводната огромна победа на опизицијата.
Јавниот обвинител Тарек Сааб сподели фотографија од наредбата со Reuters преку порака на аликацијата Telegram. Портпаролот на Гонзалес рече дека тие чекаат какво било известување за наредбата. „Портпаролот на Гонзалес не даде дополнителни коментари, но опозицијата отсекогаш негира дека сторила нешто лошо“, пишува Reuters.
Високи владини функционери со седмици обвинуваат дека Гонзалес и другите членови на опозицијата треба да одат во затвор поради предизвикување на протестите во кои имаше речиси 30 мртви. Налогот беше издаден откако обвинителот Луис Ернесто Дуенез побара апсење на Гонзалес за узурпација на функцијата, фалсификување јавни документи, поттикнување на непочитување на законот, заговор и здружување, сето тоа наводно извршено против државата Венецуела.
„Никој во оваа земја не е над законот, над институциите, бидејќи овој човек има образ да каже дека не ги признава законите. Ова е неприфатливо“, рече Мадуро на државната телевизија.
„Тие изгубија секакво чувство за реалност. Заканата за новоизбраниот претседател само ќе ја зголеми поддршката на Венецуелците и светот за Едмундо Гонзалес“, коментираше за X, лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо.
Кандидатот на опозицијата Гонзалес, кој е под истрага со Мачадо за поттикнување насилство и други злосторства, игнорираше два повика да сведочи за опозициската веб-страница којашто ги објави наводните изборни резултати, и со тој гест свесно дозволувајќи потенцијално да биде издаден налог за негово приведување во врска со случајот.
Адвокатите кои ги консултирал Reuters рекле дека венецуелскиот закон не дозволува на оние над 70 години да отслужуваат затворска казна, наместо тоа се бара домашен притвор. Гонзалес, кој минатата седмица наполни 75 години, е оженет и има две ќерки, едната живее во Каракас, а другата во Мадрид.
Венецуела го нарече запленувањето на авионот на Мадуро пиратерија
Дел од меѓународната заедница, предводена од САД, не го признава реизборот на Мадуро. Соединетите држави во понеделникот објавија дека заплениле авион за кој „веруваат дека бил незаконски купен за 13 милиони долари преку лажна компанија и прокриумчарен од САД за употреба од страна на Мадуро и неговата клика“, изјави министерот за правда Мерик Гарланд во соопштението за печатот.
Владата на Венецуела го опиша запленувањето како „пиратсво“ во изјавата во понеделникот и го обвини Вашингтон за ескалација на „агресијата“ против владата на Мадуро по спорните претседателски избори во јули оваа година.
Авионот, „Dassault Falcon 900EX“, беше запленет во Доминиканската Република и пренесен во Флорида, според соопштението за печатот.
Доминиканската Република нагласи дека не учествувала во истрагата што ја води Вашингтон. „Доминиканските власти одговорија само на меѓународното барање за взаемна правна помош“, изјави доминиканскиот министер за надворешни работи Роберто Алварез за новинарите.