![venecija orkestar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/118902_VENSlavonicMarch_1637459988077.jpeg?resize=696%2C392&ssl=1)
Венецуелскиот Национален оркестар на млади и деца, познат како El Sistema, го собори Гинисовиот рекорд за најголем оркестра во светот, потврдија властите викендов.
Пред една седмица 8.573 венецуелски музичари учествуваа во изведување на класична композиција во траење повеќе од пет минути, со цел да го урнат рекордот кој две години претходно го оствари руски оркестар до Санкт Петербург со 8.097 музичари.
Условите бараат музичарите да свират истовремено без да се менува составот на оркестарот или да се позајмуваат инструментите на други изведувачи.
Венецуелскиот министер за информации Фреди Нањез и рускиот амбасадор во Каракас, Сергеј Мелик-Багдасаров, им честитаа во саботата на музичарите во обраќањето на државната телевизија.
Претставничката на Гинисовата книга на рекордите, Сјузан Рејес, потврди дека венецуелските музичари успешно поставиле нов рекорд, откако го извеле „Словенскиот марш“ на Пјотр Илич Чајковски. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го прикажа сертификатот од Гинисовата книга на рекордите.