ВИДЕО: Венецуела воспостави награда за мир, прв добитник Путин

Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро објави дека е востановена награда за мир во чест на покојниот лидер на оваа држава Хуго Чавес, а првиот добитник е рускиот претседател Владимир Путин.

„Одлучив да востановам награда за мир и суверенитет ‘Хуго Чавес’. Мислам дека претседателот Владимир Путин ја заслужува таа награда“, изјавил Мадуро на свеченоста по под откривањето на статуа на Чавез чиј автор руски уметник, пренесува Ројтерс.

Мадуро го опишува Путин како „борец за мир“ и најавил дека сите добитници на наградата ќе добиваат минијатурна реплика од статуата на Чавес.

За време на 14-годишното владеење со Венецуела Чавес отворено се спротивставуваше на американската доминација во регионот, додека истовремено градеше односи со традиционалните ривали на САД, вклучувајќи ја Русија и Кина.

Наградата „Хуго Чавес“ е објавена вчера, истиот ден кога претседателот на соседната Колумбија, Хуан Мануел Сантос му е доделена Нобелова награда за мир поради неговата улога во преговорите за мировен договор со марксистичките бунтовници од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК).