Венера во Лав: Нова шанса за сите проблематични љубовни врски

Венера, планетата на љубовта и на парите еднаш годишно минува низ знакoт Лав каде годинава ќе се задржи до 5-ти август, кога ќе влезе во знакот на Девица.

Многу кратко, само на почетокот на периодот образува тригон со Марс, симболот на страстите и предизвикувачки аспект со планетата на раскинувањата Уран, а во текот на целата недела конјукција со Меркур, која ги погодува уметниците.

Кон крајот на периодот Венера почнува да образува тригон со Сатурн, аспектот што влијае на стабилизација на разнишаните односи во емотивните врски.

Со оглед на тоа што Нептун е планета на фантазијата, интуицијата, талентот и визијата, а Венера, планетата на љубовта и парите, овој аспект покрај паралелни врски, може да донесе и паралелни или тајни извори на приходи. Преминувањето на Венера преку знакот Лав, најмногу ќе влијае на Биковите, Вагите и Рибите.

Овен

Венера во петтата и Марс во астролошката куќа на тајните ве опоменуваат да бидете внимателни ако соработувате со странци од прекуокеанските земји. Вашата „мала“ авантура може сериозно да го загрози односот со партнерот.

Бик

Вашиот владетел Венера, планетата на парите и Марс во астролошкото поле на партнерските односи ви носи романса со некоја личност која поради работното место често патува. Можна промена на работното место или на професијата.

Близнаци

Аспектот помеѓу Венера и вашиот владетел Меркур ви носат можност за проширување на обемот на работата и соработка со големи компании. Ако сте млади можете да добиете стипендија за странство.

Рак

Венера во втората, а Нептун во деветтата куќа ви носат љубов и пари ако се занимавате со уметност, спорт, медицина. Може да ви се укажат нови шанси, особено доколку соработувате со странци.

Лав

Венера во вашиот знак ве прави популарни и омилени во друштвото, особено за спротивниот пол. Марс во четвртото поле ги зголемува шансите за заработка преку купопродажба на недвижности или селење.

За другите знаци повеќе на следната страница…