Вербалната војна која трае веќе неколку дена на реалација Жозе Мурињо – Арсен Венгер, доби ново продолжение во кое главната улога ја одигра менаџерот на Арсенал.
Трофејниот француски стручњак одговори на последната провокација на контроверзниот предводник на Челзи кој пред неколку дена изјави дека Арсен Венгер е “специјален” поради големите неуспеси кои ги има во изминатите осум години.
„Не сакам повеќе да бидам дел од оваа приказна. Изјавите и коментарите на Мурињо се смешни, а Португалецот повторно докажа дека има недостаток на почит. Јас никогаш не сум се замарал, не сум зборел за Мурињо за време на официјалните прес-конференции. Знам дека таквата негова изјава ќе му донесе голема штета на Чезли, отколку на мене”, изјави Венгер.