Венгер најави фудбалско шоу на Озил во Минхен

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека на реванш 1/8 финалниот натпревар од Лигата на шампиони, против екипата на Баерн (М), убедливо најдобра партија ќе прикаже најскапата аквизиција во клупската историја, германскиот интернационалец, Месут Озил.
Трофејниот француски стручњак е убеден дека одличниот играч за врска прво сака да се искупи за промешениот пенал на првиот натпревар, а потоа и да докаже дека е фудбалер од светска класа.

„Мислам дека промашениот пенал имаше големо влијание врз неговата ментална состојба. Не стануваше збор само за психички проблем, промашениот пенал делуваше и врз неговата ментална состојба. Знам како се чуствуваше по натпреварот, беше убеден дека го оставил својот тим на цедило, дека промашил во најважниот момент од натпреварот. Во ваквите ситуации не е доволен само разговорот. Ние разговаравме, но Озил имаше потреба од време, мораше да помине одреден период за да се врати посакуваната форма. Сега има одлична шанса, да покаже колку е добар, да покаже дека може да се носи со фудбалерите на Баерн (М),“ изјави Венгер.