Венгер најави трансфер во Германија

Трофејниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер откри дека не би можел да биде менаџер на некој друг клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига, но и дека му се допаѓа идеата да биде тренер во германската Бундес лига.

„Ако дојде тој ден, за промена на клупската средина, тогаш сигурно ќе си заминам од Англија. Не можам да бидам менаџер на некој друг клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига. За мене најдобра опција е германската Бундес лига. Ми се допаѓа германската култура. Германија ја чуствувам многу блиска и никогаш не сум работел во таа лига”, изјави предводникот на “топчиите”.