Венгер не контактирал со никого во Баерн

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер ги прокоментира шпекулациите дека може да застане на чело на Баерн Минхен.

Според британските медиуми, Баварците ќе потпишат договор со францускиот стратег до крајот на сезоната за да се обидат да преговараат со Ерик Тен Хаг од Ајакс или Томас Тухел од ПСЖ во текот на летото.

– Јас ги познавам луѓето што носат одлуки во Баерн. Порано бев во можност да го водам овој клуб. Но, сега не сум комуницирал со никого, изјави Венгер за „Билд“.