Венгер знае германски, подготвен е да биде тренер на Баерн

Францускиот фудбалски стручњак, Арсен Венгер, е фаворит за преземање на тренерското кормило во Баерн Минхен.

Според германските медиуми, Венгер бил подготвен да прифати договор и само до крајот на сезонава. Во Баерн сметаат дека Венгер е идеално решение, бидејќи би го користеле само до крајот на јуни, а потоа би се обиделе да го ангажираат Ерик Тен Хаг е тренер на Ајакс и не прифаќа да си оди веднаш од амстердамскиот клуб.

Венгер од 2018 година нема работа, а порасна во место кое е во близина на француско-германската граница и добро го владее германскиот јазик, што би му ја олеснило комуникацијата во гигантот од Баварија.