Грција е директно заинтересирана за европската интеграција на земјите од Западен Балкан и за „медитеранската димензија“ на овој процес, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос.
Венизелос со ова ги престави приоритетите на грчкото претседавање со ЕУ на конференцијата за Западен Балкан во Виена, организирана од австриското Министерство занадворешни работи, јави радио Атина.
Грција е актуелен претседавач со Европската унија, а од 1 јули претседавањето ќе и го предаде на Италија.