Венизелос итно хоспитализиран

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос синоќа бил итно пренесен во болница, објави електронското издание на весникот „Етнос“.

Венизелос бил примен со болки во стомакот, но се очекувa денеска да биде пуштен, изјави неговиот лекар.

– Поврзано е со гастроентеролошко нарушување. Тој беше примен во болница како мерка на претпазливост, изјави шефот на одделението за кардиологија на болницата „ИпократиоХристодулос Стефанидис“.

Весникот „Етнос“ претходно објави дека Венизелос почувствувал болка во градите.

Венизелос е вицепремиер и министер за надворешни работи во коалициската Влада на Андонис Самарас.