Грчкиот шеф на дипломатијата, Евангелос Венизелос веројатно идната недела ќе дојде на средби и разговори со македонската Влада, пишува „Утрински весник“ повикувајќи се на неофицијални информации.
Распоредот на грчкиот шеф на дипломатија, како што наведува весникот, не е дефинитивно фиксиран, но сегашните неофицијални најави, доколку не се случи нешто непредвидено, се дека Венизелос се очекува во периодот од 18 од 21 февруари да замине на турнеја низ сите држави на Западен Балкан кои се аспиранти за влез во ЕУ.