Венко Филипче против СДС и граѓаните, не сака да се градат проекти и решаваат проблеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со тоа што Венко Филипче е против поволниот кредит од Унгарија кој е наменет за инфраструктурни проекти во општините и ефтини кредити за бизнисот, тој така е против општините кои аплицирале, а има и такви чии градоначалници се од СДС, и против народот кој треба да види бенефит од овие пари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На овој начин Венко Филипче покривајќи ја сопствената безидејност и меконструктивност всушност е против СДС, проектите за граѓаните и кредитите за бизнисот што ќе значи отворање на нови работни места и силна економија. Ова е незапамтено работење против интересите на државата за да се отргне вниманието од реалните проблеми и состојби во кој се наоѓа оваа партија. Филипче ја злоупотребува партијата за свој интерес и пресметка, посочуваат од партијата.